Гордана Нацева: Нашите очекувања беа нереални

Спортската директорка на националната селекција, Гордана Нацева-Бошева во интервју за „НоваМакедонија“ вели дека уште по мечот со Франција забележала дека сме во тешка група и дека нашите очекувања биле нереални.

„Настапот на Македонија е неуспешен, иако самиот пласман на ЕП беше сметан за успех. Се плашев од ваков расплет на ЕП, по тешкиот пат што го имавме до турнирот. Премногу ја посакувавме победата, но уште по воведниот меч со Франција се забележа дека сме во многу тешка група и дека нашите очекувања беа нереални“ беше дел од изјавата на Гордана Нацева-Бошева за „НоваМакедонија“.

Притоа, спортската директорка на нашата национална селекција надополни дека репрезентацијата има потенцијал и треба да се најде начин како да ги подобриме резултатите.

Извор/Изјава/Фото: „НоваМакедонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: