Останаа уште 9 дена! Најавениот “крај на светот'' на 21 декември, според календарот на Маите се приближува! Дали сте подготвени?
Некои овој датум ги развеселува, наоѓајќи хумор во целата ситуација, додека останатите градат бункери и Ноеви арки за да преживеат. Сепак Украинците во тој поглед се најкреативни. Имено, тие на интернет продаваат карти за рајот или пеколот (кој како милува нели), и тоа со попуст!
Заедно со купената карта, во пакетот за крајот на светот ви следуваат и намирници, лекови, сапун и конец. Истражувачите кои го проучуваа календарот на Маите и го знаат како својот џеб, се обидуваат на секој начин да ја смират возбудената јавност.
Заклучокот на експерите за Маите, е дека нема да настапи крајот на светот како што многумина си го замислуваат, туку ќе започне нова ера…
Останува да видиме…
Пронајдете не на следниве мрежи: