Очигледно животот на Деми Мур не се движи во најдобар тек. По тешкото раскинување и вадење на валканиот веш во јавноста со Ештон Качер, познатата актерка најде ново момче – трговецот со уметнички дел Вито Шнабел.
Тие беа фотографирани заедно на неколку забави и случувања, но деновиве излегоа информации за крајот на нивната врска. Имено, според пријател близок на Вито, тој ја завршил романсата бидејќи како што велел и самиот “Деми Мур била премногу.”
Тој напорно работел за да се пробие во светот на уметниците и не му треба лош публицитет каков што носи актерката. Моментот што пресудил бил забава во Мајами. Вито останал да работи во Лос Анџелес, а Деми заминала на забава во Мајами која била полна со колекционери. Ним воопшто не им се допаднал дивиот стил на актерката, која на 50 години танцувала и пиела шампањ цела ноќ.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.