Јохан Хубеирс направил одлична реплика на Ноевата Арка. Арката ја градел 20 години, а како инспирација му послужил сонот кој тој го сонувал за поплавена Холандија. Во склоп на Јохановиот брод постои и ресторан, кино за 50 личности како и игри за деца.
Инспириран од Библијата, после 20 години успеал да ја направи Ноевата арка во истите димензии, точно како што е опишана. До детал ги прател инструкциите кои во Стариот Завет се опишани. Арката е долга 130 метри, широка 29 метри и висока 23 метри.
Иако не е доволно голема за во неа да можат да живеат по два примерока од сите животински видови кои постојат на земјата, бродот е полн со пластични и полнети животни, како што се бизони, горили, зебри, лавови и тигри.
Вистинските животни, оние помалку опасните и полесни за грижа, како што се пони, кучиња, овци, зајци и слично исто така ги има на Арката.
Во склоп на Арката постојат и ресторан, кино, игри за деца и секаде се прикажани сцени од животот на Ное.
Исто така направен е и систем за собирање на дождот, која би можела да се користи за пиење, како и механизам за пакување на храна која би можела долго да трае.
Се е почнало кога Хуберс во 1992 имал ноќна мора, дека Холандија е поплавена. Иако се верува дека поплавите во Холандија се многу веројатни, Хуберс не е загрижен дека цела планета ќе биде повторно поплавена и кажува дека неговиот број нема никаква врска со пророштвото на Маите и крајот на светот.
Тој одлучил да ја направи Арката од религиозни причини и од желба да ги натера луѓето да размислат за својата улога на Земјата. Хуберс сега размислува од каде би било најубаво да го започне своето крстарење.
Пронајдете не на следниве мрежи: