9 секс заповеди само за жени

Loading...

Жените често веруваат во погрешни работи поврзани со сексот. Можеби и вие се уште верувате дека мора да врескате како порно актерка за да го возбудите, дека треба да ги фрлите алиштата од себе и дека само пенисот му е ерогена зона. Време е да ги дознаете новите секс заповеди!

 

1. Мажите НЕ сакаат секс со порно ѕвезда!

„Кога имам секс со мојата девојка не сакам таа да вреска вештачки како порно ѕвезда или ужасно енергично да ме допира долу до болка.“ (Игор 24)

Според една анкета околу 35 проценти од паровите гледаат заедно порно филмови, па можеби затоа жените добиваат збунувачка порака. Забавно е да гледате порно со партнерот, но тоа не значи дека треба да глумите порно ѕвезда во реалниот живот.

 

2. И на мажите им е забавна предиграта!

„Гледањето како мојата девојка се возбудува, ме пали и мене. Обожавам да ја врзувам и 30 минути орално да ја задоволувам. Сексот секогаш е многу подобар, кога таа очајно го посакува“ (Виктор 29)

Потребни се само неколку минути на просечниот маж да доживее оргазам, додека 20 минути на просечната жена. Можеби мажите бргу се возбудуваат, но тоа не значи дека сакаат веднаш да преминат на дело.

Според анкетата на магазинот Men’s Health, дури 34 проценти од мажите изјавиле дека се најгорди на своите вештини во предиграта, во кои спаѓа и оралното задоволување на партнерката.

Тие попрво би се откажале од пенетрацијата отколку од акција со многу јазик меѓу неговите нозе.

 

3. Има и други ерогени зони, не е само пенисот!

„Зошто момчињата да не добијат малку акција и на тестисите? Најдобриот орален секс досега ми го има подарено една девојка која нежно ги зема моите теститиси во нејзината уста и правеше чуда со јазикот“ (Симон 32)

Можеби пенисот е неговата најголема ерогена зона, но тоа не значи дека и неговиот врат, раменици, брадавици и внатрешен дел од бутините не заслужуваат внимание.

Оваа листа продолжува, а сетете се и на оние две, кои веќе ги спомена Симон, затоа што 99 проценти од мажите изјавија дека обожаваат кога партнерката си игра со нивните тестиси.

 

4. Не лижете го само како лижавче, земете го во уста!

„Не сфаќајте ме погрешно, благодарен сум секогаш кога девојка ќе се спушти надолу, но што е само со лижењето? Тоа е во ред, но ако после подолго време не го земе комплетно во уста тоа го уништува задоволството“ (Коста 25)

Третманот на лижење лижавче може да го исфрустрира, затоа после едно лижење од коренот на пенисот до горе, направете едно убаво „О“ и земете го во уста неговиот еректиран пенис се до длабочината која ви е комфорна.

 

5. Мажите НЕ сакаат секогаш да бидат главни!

„Се заморувам од постојаното правење на првиот чекор, баш би сакал понекогаш мојата девојка да преземе иницијатива и да ме притисне до ѕидот, да ме фати долу и да ми каже што ќе ми прави. Се возбудувам и само мислејќи на тоа.“ (Кристијан 30)

Од време навреме размрдајте ги работите, па иницирајте секс веднаш штом дојде од работа со возбудливо неочекувано орално задоволување. Веднаш ќе се јави нова енергија во вашиот кревет.

 

6. Не мора да врскате на сиот глас!

Никој не сака секс со некој комплетно исклучен, но и да врескате на сиот глас за да одглумите оргазам или да му дадете до знаење дека сте при крај не е привлечно. Тој знае кога и колку сте возбудена и навлажнета, па не сомневајте се во неговата интелигенција.

 

7. Не ги фрлајте алиштата веднаш!

Многу мажи повеќе уживаат во бавното соблекување на облеката од нивните партнерки отколку кога таа ќе фрли се од себе наеднаш. Понекогаш токму бавниот секс е најдобар секс, па разгорете му го апетитот додека ги трга панталоните, па маичката, па градникот.

 

8. Сфатете и тој има проблеми понекогаш!

Иако ги прати глас дека постојано мислат на секс и тие понекогаш се уморни, анксиозни или несигурни за своето тело и изведба. Според една анкета, 1 од 4 мажи е загрижен дали ќе ја задоволи партнерката, а 1 од 5 мажи е загрижен за прераната ејакулација. Запомнете одличниот секс започнува со добрата комуникација.

 

9.Купете кондоми!

Тие треба да ве поканат на состанок, да ви ја платат пијачката и да купат кондоми. Па зошто, сигурниот секс е и ваша обврска. Неодамнешните истражувања покажаа дека просечна Британка спиела со 8 мажи, а со 5 од нив била пијана, ете зошто секогаш треба да се има кондом во чантата.

 

loading...