Рекорден број новинари во затвори во 2012-та

Loading...

Според извештајот објавен во вторникот на интернет страницата на Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists, CPJ), во 2012 година, во светот во затвор, често под лажно обвинение, се наоѓаат рекорден број новинари – 232.

Оваа бројка е значително зголемена во споредба со минатата 2011 година кога, според оваа њујоршка организација (CPJ), во затворите низ целиот свет имало 179 новинари. Според извештајот, главниот тренд во 2012 година беше зголемувањето на бројот новинари кои се соочуваат со обвиненија за предавство, тероризам и субверзивни активност, односно злосторства кон државата. Во овој случај, жртвите на ваквите произволни акти на властите се подеднакво новинари на традиционалните медиуми и онлајн медиумските ресурси.
Според CPJ до 1-ви декември 2012 година најмногу новинари лежат во затворите на Турција, Иран и Кина. По различни обвиненија, вклучително и за сериозни кривични дела, во овие држави, според споменатиот редослед, се затворени 49 (од кои повеќе десетици се курдски новинари обвинети за „тероризам и заговор против владата“), 45 и 32 новинари. Покрај тоа, листата вклучува Еритреја со 28 затворени новинари, Сирија – 15, Виетнам -14, Азербејџан – 9, Етиопија со 6 а во затворите на Узбекистан и Саудиска Арабија има по четворица новинари.
„Живееме во времето кога владите лесно прибегнуваат кон застрашувањето и ги затвораат новинарите коишто ги обвинуваат за антидржавно и терористичко дејствување “, се вели во соопштението на Џоел Сајмон, извршен директор на Комитетот за заштита на новинарите (CIP).
Оваа невладина организација наведува дека 232 новинари, уредници и фотографи, што е за 53 отсто повеќе во однос состојбата од 1-ви декември 2011 година, која дотогаш оваа бројка беше најголема откако од 1990 година CIP почна со евидентирањето на новинарите кои лежат во затворите.

Макфакс

loading...
Loading...