Динамо првиот финалист во Струга

Loading...

 Белорускиот првак Динамо Минск е првиот финалист на 40. издание на ракометниот турнир во Струга, јави „OhridNews”. Динамо по триумфот над Струга, славеше над фаворизираниот француски Данкерк со 34-24 и со две победи е првопласиран во А групата.

На вториот меч во Б групата, Мешков Брест со 26-23 го совлада Дадеман Бакау. Првопласираниот во оваа група ќе го даде директната пресметка меѓу Металург и Мешков Брест. Резултати: Данкерк – Динамо 24-34 (9-17) Мешков – Дадеман 26-23 (15-11) Во петок играат 19.00 Струга – Данкерк 20.30 Металург – Мешков  

loading...
Loading...