Момче го прослави својот 12-ти роденден во 12:12 часот на 12.12.2012

Киам Мариѕа од Бирмингем, Алабама е роден пред 12 години на 12-ти декември 2000 година, на 12 минути по полноќ. Тој денес го прослави својот 12-ти роденден во 12:12 часот напладне.
Необичното за ова момче е што тој и неговите родители одлучија да го прослават неговиот роденден кога стрелките на часовникот ќе покажат 12:12 часот и ќе се совпаднат со денешната дата 12.12.2012.
Неговиот роденден го одбележува бројот 12, кој воедно се поклопува со фактот дека е негов среќен број.
Според статистичките податоци на Америка, околу 11.000 бебиња биле родени на овој ден во 2000 година, со што во просек тоа би изнесувало околу осум бебиња на секоја минута.

Денешната дата 12.12.2012. предизвика масовни венчавки насекаде низ светот, каде што повеќето парови сметаат дека тоа ќе им донесе многу среќа во заедничкиот живот.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: