Јавачи на апокалипсата ја посeтија Србија

Loading...

Лица маскирани ви четирите јавачи на апокалипсата се забележани денеска во центарот на Белград. Нивната посета е поврзана со крајот на светот, кој се очекува да се случи на 21-ви декември оваа година.
Четирите јавачи на апокалипсата носеа маски без нос, очи и уста, а сето тоа ги заплашуваше минувачите во центарот на Белград.
Нивниот монструозен изглед е дизајниран од страна на локалните уметници за филмски маски. Тие нивната појава ја опишуваат како “поздрав за крајот на светот“.
Голем број од анкетираните граѓани на Белград беа ужаснати од оваа нивна појава, а некои даваа хумористични коментари на нивна сметка. Голем број од експертите низ светот за крајот на светот изјавија дека “тоа нема да се случи во директна смисла, како крајот на цивилизацијата, туку во фигуративна смисла, како процес на распаѓање.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...