четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претрес по обвиненија за даночно затајување во канцеларии на Дојче банка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претрес бил извршен во вторникот во централата на една од најголемите германски банки „Deutsche Bank“ во Франкфурт, како и во некои филијали на банката во Берлин и Диселдорф, пишува во средата изданието Spiegel-Online.

„Deutsche Bank“ е најголемата според бројот на вработени и износот на вкупната актива на финансиски конгломерат во Германија.
Претресот бил извршен во рамките на сомневања за даночна измама со сертификати за емисиите на јаглерод диоксид, дело што германските органи го истражуваат од 2010 година. Претходно во овој случај на казни затвор во траење од три до седум години и 10 месеци беа осудени шест инвестициски банкари. Во текот на судењето беше докажано дека при трговијата со сертификатите за емисиите на гасот било избегнато плаќање данок на промет во висина од 230 милиони евра. Тогаш беше објавено дека полицијата осомничила седум вработени на „Deutsche Bank“.
Според Spiegel-Online, во полициска операција изведена во вторникот, биле вклучени околу 500 полицајци. Претресот не бил вршен само во централната канцеларија во Франкфурт и во филијалите во Берлин и Диселдорф, туку и во становите на некои вработени во банката. Како резултат на тоа, пет банкари во вторникот биле притворени, а вкупно под сомневање за делото се 25 вработени во одделот за кредитирање
Во 2010 година веќе беше направен претрес во централата на „Deutsche Bank“, по сомневање за даночна измама со сертификати за емисии на гас. Сепак, резултатите од претресот тогаш не дадоа резултат, како што забележува Spiegel-Online, поради тоа што непознато лице ги предупредило вработените во банката за претстојната полициска рација.

Макфакс

Поврзани вести