Писториус побрз од коњ

Оскар Писториус, јужноафрикански спринтер со ампутирани потколеници и шесткратен параолимписки шампион, во катарската Доха беше побрз од коњ.

На конвенцијата, која се одржува под покровителство на кралското семејство, беше одржана трка на 200 метри, помеѓу човек и коњ.
Писториус, чии прекар е ‘Blade Runner’, го победи арапскиот пастув со име Масерати.
Писториус со овој двобој им се приклучи на спринтерите Џеси Овенс, Даниел Сангоума и Линфорд Кристи, како и маратонецот Хув Лоб, кои исто така се тркале со коњи.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: