Тинејџер осуден на доживотен затвор зашто ја избодел мајка му 94 пати

Кирен Смит, тинејџер кој имал 16 години, кога од непознати причини 94 пати ја избодел својата мајка, осуден е на доживотен затвор.

Како што пишува metro.co.uk, Смит на 14 години бил исфрлен од училиштето во Вермут, Велика Британија, по што се затворил во својата соба и две години гледал само филмови.
Во тој период му се јавува фасцинацијата за ножеви, која во комбинација со двегодишното избегнување контакт со луѓе, довела до кобниот судир со мајката.
Откако ја усмртил мајка му, Смит заминал кај свој пријател како ништо да не се случило.
Обвинетиот се обидел да го прикрие убиството на мајката, тврдејќи пред полицијата дека таа е жртва на локални дилери со дрога, на кои должник им бил брат му. Меѓутоа, полицијата набрзо пронашла докази кои го товарат дека ја убил со нож што претходно го порачал преку интернет.
Судењето за ова монструозно злосторство траело само осум дена, на кое судијата Гај Бонеј, при образложувањето рекол дека „не само што обвинетиот на брутален и шокантен начин ја усмртил мајка си, туку за време на судењето не покажал ни најмалку каење поради злосторството што го направил“.
Осуден е на доживотна казна затвор, со можност за условно излегување по 15 години отслужена робија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: