Добар настап на македонските пливачи во Истанбул

Добар настап имаа македонските пливачи, кои во четвртокот наутро настапија на 11-то Светското првенство во мали базени, чии домаќин е Истанбул.

Анастасија Богдановски, во квалификациите, во дисциплината 100 метри слободно, го освои 44-то место, во конкуренција на 105 пливачки.
Богдановски, во квалификациите го подобри својот личен рекорд за повеќе од две секунди, таа во Истанбул беше пријавена со време 58,53 секунди, а во квалификациите исплива 56,75 секунди.
Марко Блажевски, се појави во квалификациите, во дисциплината 400 метри мешано, тој како и претходно Анастасија Богдановски го надмина својот најдобар резултат.
Блажевски делницата ја исплива со резултат4:24.64 минути, што за пет секунди е подобро од неговиот резултат со кој беше пријавен за настап во Истанбул. Блажевски на 400 метри мешано го освои 33-то место, во конкуренција на 41 пливач.
Покрај Анастасија Богдановски и Марко Блажевски, Македонија на Мундијалот во 25-метарски базени ја преставува и Дамјан Петровски, тој во средата, во дисциплината 100 метри градно го освои 66-то место во конкуренција на 95 пливачи.
Светското првенство во мали базени во Истанбул ќе се одржува до 16. декември, на него ќе се појават пливачи од вкупно 158 земји во светото.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: