Кои се четирите јавачи на апокалипсата

Четирите јавачи на Апокалипсата се доста актуелни пред 21-ви декември, датата на која е предвидено дека ќе дојде крајот на светот.
Сите четири јавачи се опишани во “Откровение 6” во Библијата. Првиот јавач  се однесува на Антихристот кој е лажен имитатор на вистинскиот Христос, прикажан на бел коњ. Овој коњаник е освојувач и поради тоа му е дадена круна.
Вториот јавач на Апокалипсата има моќ да го земе мирот од земјата и да направи мажите-војници да се убиваат меѓу себе. Овој јавач имал голем меч кој е симбол за страшна војна која е резултат на крајот на светот.  
Третиот јавач е опишан на црн коњ кој држи пар скали во раката. Овој коњаник е асоцијација на Пеколот и се однесува на гладта која го зафаќа целиот свет и предизвикува страшна војна, која е предводена од вториот коњаник.  
Четвртиот јавач е именуван како смрт и јад кои ги следат луѓето во светот. Овој јавач е прикажан на изнемоштен коњ. Во својата рака има меч, со кој се обидува да се бори со гладта, чумата и дивите ѕверови на земјата. Бидејќи овој јавач е симбол на смрт и уништување, се смета дека ќе донесе дополнителни војни.
Она што е неверојатно, или можеби застрашувачки, е дека четирите јавачи на апокалипсата се само “предводници” на уште полоши настани кои следуваат и се поврзани со крајот на светот.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: