Хауг замина од Мерцедес

Loading...

Спортскиот директор на Мерцедес, Норберт Хауг, по 22 успешни години се реши да замине од тимот.

Хауг како ’аутсајдер’ пристигна во Мерцедес во 1990 година, пред да стапи на функцијата тој работел како спортски новинар. Во средината на 90-тите години од минатиот век, по 40 години отсуство тој успеа да го врати Мерцедес во првенството на Формула 1.
Мекларен со моторите на Мерцедес, во ерата на Хауг освои три шампионски титули кај возачите – Мика Хакинен (1998, 1999) и Луис Хамилтон (2008).
Хауг имаше успешна соработка и со Михале Шумахер, токму тој се посочува како главниот ’виновник’ за враќањето на Германецот во Формула 1.
Инаку вистинските причини за заминувањето на Хауг од Мерцедес не се познати.
Макфакс

loading...
Loading...