ПЕЛЕ: Олимписките игри во Лондон се пример за идните организатори

Легендарната бразилска фудбалска легенда ПЕЛЕ, денес се изјасни дека организаторите на Олимписките игри во Лондон поставија пример и терк, како би требало да изгледаат најголемите и најмасовните спортски случувања на планетата.

-Организацијата беше сјајна, како и церемонијата на свеченото отварање на Олимпијадата. Целиот стадион беше полн, сите уживаа и беа добро расположени. Се надевам дека во Бразил ќе биде ангажирана истата компанија за организирање, со цел да се направи сличен успех. Дефинитивно поставија пример за тоа како треба да се работи – изјави Пеле.

Наредните Олимписки игри ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а прв пат во историјата на Олимписките игри ќе биде домаќин град кој се наоѓа во Јужна Америка. Најблиску до Јужна Америка беше Олимпијадата во шеесеттите години во Мексико Сити.

-Игрите во Рио не се однесуваат само на Бразил, туку и на целата Јужна Америка, како што беше случај со Светското првенвство во фудбалот во Јужна Африка пред две години. Шансата на Бразил се туристите од целиот свет и мислам дека имаме што да им понудиме на туристите, рече Пеле.

Тој исто така додаде дека разговарал со претседателката на Бразил, Дилмом Русеф, кој му ветил дека се ќе биде подготвено на време.

-Ми рече дека најдобрите луѓе се ангажирани да работат на организацијата на Мундијалот и Олимписките игри. Изградбата на стадионите нема да биде проблем. Моментално не сме спремни, но никој не би бил четири години пред почетокот. Единствен проблем е администрацијата, но тоа секако може веднаш да се реши-порача Пеле.

Игрите во Рио се на програмата од 5 до 21 август 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: