Уапсени 40 девојки од женската банда „Палави барбики“

Loading...

Њујоршката полиција уапси 40 девојки од женската банда „Палави барбики“, огранок на поголема група под името „Тринитариос“, која оперирала низ Бронкс, заради повеќекратни убиства и други злосторства.

Во тек е истрага поврзана со девет убиства и 24 обиди за убиства воглавно на членови на конкурентските банди во Бронкс и блискиот Јонкерс.
Рејмонд Кели, комесар на њујоршката полиција вели дека групата Тринитариос во својот зенит имала 100 членки.
Водачот на бандата, Марија Мехија, е осомничена за убиство со нож на членот на познатата банда Крипс во „МекДоналдс“ во 2005 година. Оваа 24 годишна девојка исто е обвинета дека пукала на жртва на грабеж пред мексикански ресторан истата година.
Истрагата поврзана за бандата Тринитариос доведе до апсење на 119 луѓе во Бронкс и на Менхетен од 2009 година до денес.

Макфакс

loading...
Loading...