Откриени 800 кгр дрога на пристаништето во Драч

Loading...

Во четвртокот доцна навечер, албанската полиција откри и заплени 800 килограми дрога во драчкото пристаниште.

Дрогата била во еден голем камион, шлепер, и требало да биде пренесена со траект на линијата Драч – Анкона во Италија.
Возачот на возилото е уапсен, но според албанските медиуми полицијата смета дека станува збор за голем меѓународен шверцерски канал за дрога.
Дрогата е од типот марихуана – канабис сатива, а според сé судејќи произведена е во Албанија.
Оваа е шести случај кога албанската полиција открива големи количества дрога на оваа пристаниште во обид истата да биде изнесена во Италија.
Пред три дена полицијата заплени 230 килограми дрога, исто така, марихуана.

Макфакс

loading...
Loading...