Тројца загинати при грабеж во Србија

Еден полицаец и двајца разбојници загинаа изутрината во престрелка при грабеж на златара во Власотинце, градче во јужна Србија, јави Б92, повикувајќи се на началникот на полицијата во Лесковац, Владимир Жугиќ.

Инцидентот се случил во 9.45 минути, а полицијата го блокирала делот на гратчето, каде што била престрелката.
Полицаецот, кој се нашол во близина се обидел да ги спречи разбојниците да го извршат грабежот, но тие веднаш започнале да пукаат.
Според непотврдени информации, полицаецот веднаш одговорил и усмртил двајца од тројца разбојници, но и самиот бил смртно ранет.
Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ за б92 изјави дека напаѓачите биле од Црна Гора, поточно од Беране и од Плевља.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: