Кинез откри справа за спротиставување на крајот на светот

Стравот за крајот на светот е постојан, бидејќи според календарот на Маите, апокалипсата ќе се случи на 21-ви декември оваа година.
Сите народи во светот се во некаква паника, но еден жител на Кина откри кружен апарат кој е способен да се спротистави на крајот на светот.
Календарот на Маите започнува 3114 год.п.н.е. и се смета дека завршува на 21-ви декември 2012-та година. До  оваа дата и година имаме 13 цуклуси според Маите, а по завршување на оваа пресметка, почнува нов период од нови 13 циклуси, каде што 13-ката како број за Маите претставувал “свет број“.
Кружниот апарат на кинезот е составен од седум метри во дијаметар и е наречен “Ноевата арка“. Овој уред е способен да ги издржи плимата, осеката и морксите земјотреси. “Уредот нема да има проблем да се справи со бранови до 1.000 метри … Тоа е како пинг-понг топче. Иако однадвор изгледа многу нежно, тоа може да издржи отпорност на многу притисоци”, изјави креаторот на овој уред, во близина на Пекинг. Уредот има арматура од челик, стакло, составен е од дополнителни седум топки, шишиња и кислород, тенкови со вода и може да се купи за 300.000 јуани (37.000 €). Уредот има безбедносен ремен во случај на невреме. Изолација е толку добар што некој може да живее во него на северен или јужен пол во текот на еден месец.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: