Напаѓач во Кина со нож рани 22 деца

Loading...

Дваесет и две деца од училишна возраст се ранети во напад со нож во град во централниот дел од Кина, објави во петокот кинеската официјална агенција Синхуа.

Нападот се одиграл во петокот наутро на влез во основно училиште во селото Чентао во областа Гуаншан во провинцијата Хенан, потврдиле за агенцијата локалните власти.  Притоа додале дека е повреден и уште еден случаен минувач. Според болнички извори, на ниедно од повредените деца не му е загрозен животот.
Полицијата објави дека уапсила 36-годишник кој е осомничен за нападот и отворила истрага.
Ова не е прв напад со нож врз деца во Кина. Остана запаметена серијата слични напади од 2010 година кога со ножеви и секири беа повредени десетици деца, од кои седум починаа. Во овие случаи, напаѓачите сакале да го привлечат вниманието на јавноста кој својата семејна или финансиска ситуација.

Макфакс

loading...
Loading...