четврток, 12 ноември 2026
Најново

Потона расположението на јапонските произведувачи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Довербата меѓу јапонските производители силно ослабна во последните неколку месеци, спуштајќи се на најниско ниво за последните три години, објави централната банка на Јапонија во петокот.

Индексот кој го мери расположението меѓу големите јапонски производители, вклучително и автомобилскиот и технолошкиот сектор, падна во периодот од октомври на минус 12 поени, од минус три во претходните три месеци.
Економските аналитичари предвидуваа пад до најмногу минус 10 поени.
Истражувањето опфаќа 10.000 компании, а соодветниот индекс BoJ се пресметува така што процентот на компании кои сметаат дека условите за работа се добри се одзема со процентот на оние кои сметаат дека климата е лоша.
Ова претставува клучен показател кој го користи централната банка во креирање на монетарната политика.

Макфакс

Поврзани вести