Циклонот `Еван` го опустоши Јужен Пацифик, реката однела неколку деца

Владата на Самоа прогласи состојба на катастрофа откако циклонот Еван го опустоши Јужен Пацифик, уништи згради и предизвикал големи поплави.

Полицијата на Самоа соопшти дека се сомнева оти надојдената река однела неколку деца, кои најверојатно се удавиле.
`Еван` предизвикал лизгање на земјиште, прекин на електричната енергија и однел најмалку два човечки животи.
Поплавите и ветрот корнеле дрвја.
Локалните власти изјавиле дека ова е најстрашната бура којашто го погодила ова подрачје во последните неколку години, поради што и е прогласена состојба на катастрофа.
Властите стравуваат дека бурата може да зајакне и да стигне до циклон од петта категорија на патот кон Фиџи.
Неколку деца исчезнале од брегот на реката во главниот град на Самоа, Апиа.
„Ова е најголемата бура што сум ја доживеал, а сум преживеал многу тешки ситуации овде на Пацификот. Ветровите воопшто не дадоа знак дека може да дојде до катастрофа од вакви размери“, вели Ник Харли, врховен комесар на Нов Зеланд за Самоа.
„Целата земја е без струја. Постројките на дистрибутерот на електрична енергија ’Tanugamanono’ се потполно уништени и можеби нема да имаме струја две седмици“, соопштено е од Канцеларијата за управување за време на катастрофа.
Многу места во Самоа штотуку се опоравија од разорното цунами, што ги погоди во 2009 година.
Се очекува дека циклонот Еван на Фиџи ќе стигне во недела.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: