Гут победи на спустот во Вал Дизер

Швајцарката Лара Гут, победи на спуст трката, која во рамките на Светскиот куп, во петокот се возеше во Вал Дизер.

До третата победа во кариерата, прва по пауза од речиси две години, Гут дојде со време од една минута, 18 секунди и 75 стотинки. Победата во Вал Дизер е прва за Швајцарката во спуст, претходните две победи таа ги оствари во супервелеслалом.
Второто место, со задоцнување од 16 стотинки, го освои Американката Лини Смит, ова е нејзин најдобар резултата во кариерата, додека како третопласирана заврши Мари Маршан Аврије од Франција.
Задоволна од настапот во спуст е и лидерката во вкупниот поредок во Светскиот куп, Тина Мазе.
Словенката го освои 11-то место ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Марија Хефл-Риш и Линдзи Вон, која не ја заврши трката. Мазе води со 701 бод, Хефл-Риш има 465, а Вон е на третото место со 414 бодови.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: