Блажевски стрелец против Полска, пораз од 4-1

Македонската фудбалска репрезентација составена од фудбалери од домашното првенство доживеа пораз од Полска со резултат 4-1, во финишот од мечот во 87-мата минута Дејан Блажевски само го ублажи поразот.

Милик во 12-тата минута од мечот ја доведе селекцијата на Полска во водство од 1-0.

На 2-0 зголеми Павловски во 23-тата минута и тоа беше резултатот при првиот дел.

Во вториот дел повторно селекцијата на Полска постигнува погодок и го зголемува водството на 3-0 преку Једрејџук во 63-тата минута, Собота во 79-тата минута веќе зголеми на 4-0 и се закани резултатстка катастрофа на нашата селекција од овој меч.

Дејан Блажевски со убав погодок од далечина стрелаше во 87-мата минута и го ублажи поразот од Полска со резултат 4-1.

Во нашата селекција настапија Наумовски, Мојсов, Бериша, Брдаровски (Китановски 83), Цикарски, Неџипи (Симоновски 75), Блажевски, Стјепановиќ, Маркоски (60), Костовски, Георгиев (Митров).

Пронајдете не на следниве мрежи: