Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија

Турнирот во мал фудбал на медиумите од Македонија во сабота и недела ќе се одржи во Маџари, во организација Спортското радио 90.3 фм, а под покровителство на Град Скопје. Турнирот преставува единствена годишна спортска манифестација на која се дружат вработените од електронските и од печатени медиуми во нашава земја, а е замислен како забава, одмерување на спортските сили и сопствено претставување пред публиката.           Организацијата на турнирот опфаќа неколку дела во чии рамки влегуваат и ревијалните средби на кои ќе се појават екипи составени од јавни личности кои не се директно инволвирани во спортските текови. Натпреварите во сабота ќе се одржат 13 натпревари, во периодот од 12:00 до 20:00 часот, додека за недела се закажани девет натпревари.            Турнирот ќе финишира со финалниот натпревар во недела во 17:20 часот.  Град Скопје, за одржување на оваа спортска Манифестација, од Буџетот за 2012 година, одвои 100.000 денари.

 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: