Хју Џекман доби ѕвезда на Булеварот на славните

Актерот Хју Џекман (44) доби ѕвезда на холивудскиот булевар на славните, во петок.

Австралиецот ја откри ѕвездата во присуство на сопругата Дебора Ли Фрнс и нивните деца Оскар и Ава.

 

На почетокот на церемонијата Џекман го најави водителот Џеј Лено, а друштво на актерот му правеа и колегите од неговиот најнов филм „Клетници “, Ен Хатавеј, Аманда Сајфрид и режисерот Том Хупер.

„Ова, на некој начин, е надреален ден. Веројатно секогаш ќе се сеќавам на него и мислам дека одовде директно ќе појдам да купам лото ливче или во казино, затоа што чувствувам дека некој одозгора ме сака.Многу сум возбуден. Оваа ѕвезда се наоѓа пред местото каде ги водев Оскарите, а ако овој филм биде номиниран за награда, ќе биде повторно добро да се дојде овде и на сите да им се покаже дел од тоа шоу“, вели Џекман.

Ова е 2.487-та ѕвезда на Булеварот.

Џекман ја игра главната улога во екранизацијата на книгата на Виктор Иго „Клетници“, кој неодамна ја имаше премиерата.
Џекман е најпознат по улогите во серијалот „„X man“, „Престиж“, „Кејт и Леополд“, „Ван Хелсинг“, „Шифра: Сабјарка“ и други.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: