Солидни настапи на Блажевски и Петровски во Истанбул

Loading...

Марко Блажевски и Дамјан Петровски, претпладнево се појавија во базенот во Истанбул, каде се одржува 11-ти Светско првенство во 25-метарски базени

.Блажевски настапи во квалификациите на трката на 100 метри мешано, во конкуренција на 53-ца пливачи, македонскиот пливач со време 58,59 секунди, тој го освои 40-то место.

 

Дамјан Петровски, настапи во квалификациите на трката на 50 метри слободно.
Петровски квалификациите ги заврши на 60-то место, во конкуренција на 97 пливачи, македонскиот пливач имаше време од 29,74 секунди, што е за речиси една секунда подобро од неговото време со кое беше пријавен за настап во Истанбул. 

Макфакс

loading...
Loading...