Бандата `Пинк пантер` од бившојугословенските простори ограбува во Виена

Loading...

Бандата `Пинк пантер` осомничена е дека ограбила златарница во центарот на Виена, Австрија, во петокот, попладне.

 

Три вооружени лица ја ограбиле златарницата на централниот виенски плоштад, но не побегнале со пленот

.Како и во претходните грабежи на познатата банда `Пинк пантер` тие ги скршиле витрините и во златарницата и украле накит и вредни часовници, пренесуваат белградските медиуми.

Ова е 24 грабеж на златарница кој и се припишува на оваа банда, која подолго време е многу активна во Австрија.
`Пинк пантер` бандата е составена од криминалци од просторите на поранешна Југославија.
Но, бандата, овојпат не успеала да ја ограби златарницата, откако еден од случајните минувачи успеал да им ја земе торбата со пленот, јавуваат австриски медиуми.
Според наводите, минувачот ја вратил торбата во продавницата.
„Самиот грабеж течеше многу брзо. Според изјавите на очевидци, три маскирани лица упаднале во продавницата за накит и часовници…

Местото  на упадот очигледно порано го одбрале, затоа што се наоѓа во близина на влезот за во метро“, вели портпаролот на полицијата.
Според нејзините зборови, еден од напаѓачите му се заканувал со оружје на вработен.
Работниците велат дека другиот разбојник ги кршел стаклата на витрините.

НИкој не е повреден во обидот за грабеќ.
Некои австриски медиуми објавија и видео-снимка од бегството на напаѓачите од продавницата.

На снимката се гледа како двајца разбојници бегаат по скалите кон станицата на метрото, додека третиот си заминува по улица.
Полициската портпаролка вели дека ова е 24 грабеќ на продавница со накит од кои 18 се припишани на бандата `Пинк пантер`.

Макфакс

loading...