Американците веруваат во апокалипса?

Една третина од Американците веруваат дека ќе се случи долго најавуваната апокалипса и ќе дојде крајот на светот на 21-ви декември оваа година.
Според последните истражувања на Американскиот институт, објавени вчера, календарот на Маите не е единствената причина за крајот на светот. Глобалното затоплување е исто така важен фактор кој полека, но сигурно ја уништува нашата планета и може да влијае на апокалипсата.
Американскиот институт објави дека околу 36 отсто од испитаниците веруваат дека апокалипсата ќе се случи како резултат на предвидувањата и завршувањето на календарот на Маите, а 66 отсто веруваат дека вистинската причина сме ние луѓето, кои со нашата несовест ќе придонесеме за уништување на земјата. Климатските промени и природните катастрофи веќе се чувствуваат во многу делови од земјата и 67 отсто од испитаниците веруваат дека американската влада ќе најде начин да се справи со овој проблем и да ја заштити Америка од уништување.  
Иако голем број од луѓето во светот се во паника поради приближувањето на 21-ви декември, 15 отсто веруваат дека нема да дојде крајот на светот и дека по таа дата ќе започне само една нова ера, која може да донесе само поубави работи во животот на луѓето.  
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: