Ракометарот Ивано Балиќ во Металург за 200.000 евра?

Од хрватскиот портал „24sata.hr“ добивме информација дека еден од најдобрите нивни ракометари е на пат за Скопје, односно пред трансфер во Металург. Исто така овој портал изјави дека овој трансфер ќе изнесува 200.000 евра.

Лино Червар изјави:„Па, кој не би го сакал Ивано Балиќ во својот тим. Само не знам колку во моментов нашиот тим има пари, тој нема да дојде да игра за кикирики. Криза е и тоа не е баш така едноставнo“.

Пронајдете не на следниве мрежи: