Кои филмови се во трка за Оскар

Само пет се сигурни кандидати за оваа престижна награда, додека за останатите места конкурираат барем уште десет наслови.

Карактеристично е дека американските големи холивудски компании, оваа година имаат најатрактивна понуда, а независните кои порано беа многу доминантни, сепак се во втор план.

 

Пет филмови кои се речиси сигурно номинирани:

Арго – Филмот со Бен Афлек се уште игра во нашите кина, а во Америка веќе собра над 100 милиони долари бруто, што и тоа како поволно може да влијае на гласачите.

Линколн – Стивен Спилберг обожава лекции од историјата, па по Шиндлеровата листа и Амистад, евоцираше со какви се трикови морал да се послужи Абрахам Линколн да влезе во Конгресот, во екот на граѓанската војна, со амандман со кој би се укинало ропството.

Јадници – Екранизацијата на омилениот театарски мјузикл може да го повтори успехот на Чикаго кој во 2003 година го доби главниот Оскар.

Во добро и во зло – Така тука е преведен филмот Silver Linings Playbook, романтична комедија, чии протагонисти се писател кој некое време бил во санаториум за душевни болни и неконвенционална девојка која му помага да ја врати својата сопруга.

Zero Dark Thirty- Интересниот наслов Нула темница триесет е војнички термин за состојба кога надвор е темница, но Катерина Бигелов сака такви игри на зборови, па нејзиниот The Hurt Locker кај нас го преведоа како „Командант Џејмс“.

 

Можни номинации:

Пиевиот живот – Ќе биде големо изненадување ако екранизацијата на бестселерот на Јан Мартел не се избори за номинација, но многу аналитичари филмот не го ставаат во тесен круг на фаворити.

Мастер – Браќата Вајнстаин можеби погрешија што уште во септември го пуштија филмот на П. Т. Андерсон, морален победник на венецискиот фестивал, во американските кина. Филмот помина скромно, што може да ги обесхрабри гласачите.

Ѕверови на јужните дивини – Победникот на фестивалот на независниот американски филм во Санданс заслужи номинација.

Љубов – Филмот на Мајкл Ханеке, добитник на Златна палма и Европската филмска награда, не е без шанси во освојување на номинација за главниот Оскар.

Бегалецот Џанго – По проекцијата за критичарите, се шпекулираше дека новиот филм на Квентин Тарантино, посветен на шпагети вестерн, нема шанси за главна номинација: неоспорно е одличен и предобро режиран, но долг е, многу се зборува и е ексцентричен. Таков беше филмот „Немилосрдни гадови“, па сепак се номинира.

Кралството на изгрев на месечината – Култниот режисер Вес Андерсон до сега ниту еднаш не се изборил за номинација за најдобар филм, а овој пат за тоа има шанси.

Skyfall и Витез на темнината: Враќање – Џемс Бонд и Бетмен за Оскар? Невозможно! А сепак… Оваа сезона може да се пофали со два блокбастери кои истовремено се и врвни уметнички остварувања.

Лет- Дензел Вашингтон е одличен во улога на пилот на патнички авион кој спречи катастрофална несреќа.

 

Превземено од: kurir.mk

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: