Шундовски: Да се почитува договорот

Селекторот Звонко Шундовски остана на своето повторувајќи дека нема намера да ја предводи репрезентацијата низ подготовките за претстојното Светско Првенство во Шпанија во јануари, доколку Ракометната Федерација на Македонија не му ги исплати заостанатите долгови.

„Останувам на мојот став дека нема да ја водам репрезентацијата доколку во почетокот на подготовките не ми се исплатат платите и патните трошоци што ми ги должат. Јас само барам да се испочитува договорот“ изјави Шундовски во интервју за „НоваМакедонија“.

Од Ракометната Федерација на Македонија најавија дека долговите кон ракометарите кои се однесуваат за премиите наводно ќе бидат исплатени до почетокот на Светското Првенство.

Извор/Изјава: „НоваМакедонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: