Македонија ја окупираше Грција

Според играта еРепублик, Македонија веќе долго време ја држи Грција окупирана. Планот на македонската војска е нашиот јужен сосед да остане под македонска окупација уште многу долго време. По стапките на Александар Македонски, македонската онлајн заедница планира поход до Индија, империја на 3 континенти и војска чиј марш ќе им влева страв во коските на сите противници. 

 

За да се остварат плановите, на Македонија и треба свежа крв, млади но храбри Македонци кои се подготвени да излезат на мегдан со непријателот. Во виртуелниот свет македонските војници се страв и трепет за сите противници. Уште малку е потребно и цела виртуелна Грција да стане Македонска земја. Македонската војска во играта го контролира Егејот и Јадранското Море, а има излез и на Јонското море и африканскиот брег. 

Плановите се земјата да се шири кон Азија. еРепублик е онлајн игра во која се симулра виртуелна држава. Секој кој ќе си направи акаунт, всушност ќе контролира по еден граѓанин во својата држава. Само што ќе се регистрирате, веднаш добивате македонски пасош и станувате горд член на македонската Фаланга. Ќе може да избирате и да бидете избиран на претседателеските и параламентарните избори кои се случуваат по еднаш во секој месец. Ќе може да развивете приватен бизнис или пак да бидете војник во државната армија. И најважно.. ќе може да се дружите со македонската еРепубликзаедница, која во моментов брои околу 10.000 гејмери, што е меѓу петте најбројни заедници во светот.

Направете си акаунт и помогнете и на Македонија преку овој линк.

Пронајдете не на следниве мрежи: