Тони Зен и The Hounds ви посакуваат „Среќна Нова“

Loading...

Алтеранитвниот пан-рок бенд од Прилеп The Hounds и Тони Зен снимија новогодишен пародичен дует што неслучајно е насловен „Среќна Нова“.

За оваа уникатна соработка изработен е и видео запис, кој се снимаше на неколку локации во Охрид и Прилеп, под режисерска палка на Даниел Јовески.

 

Музиката е на The Hounds, а делови од текстот се напишани заедно со Тони. Аранжманот го направија дечките од The Hounds и Нино Васков. Нино се потпишува и на продукцијата заедно со Стерео Рекордс. Во продолжение премиерно на Пулс24.мк го имате најновото видео од Тони Зен и The Hounds.

 

loading...