Какви филмови сакаат хороскопските знаци

Сакате да поканите некого на кино или на DVD уживање, можеби да подарите филм? Но не знаете кој наслов да го одберете? Хороскопот е тука да ви помогне. Според астрологијата ѕвездите влијаат на се, па се разбира и на вкусовите вклучително и на љубовта кон одреден филмски жанр…

Овен

Овој хороскопски знак е огромен фан на филм во кој што има акција, научна фантазија или пак да е од натпреварувачи(спортски карактер). Доколку се одлучите да му подарите некој филм од типот на Џејмс Бонд особено каде што глуми Пирс Броснан, тој ќе биде воодушевен.

Романтичните комедии, оние со доста остар хумор, ќе му се допаѓаат. Ако имате на ум да му земете некој класичен акционен филм , тогаш “Die Hard with a Vengeance” со Брус Вилис може да биде добар избор.

”Cliffhanger” со Силвестер Сталоне е одличен тип на трилер кој што ке му се допадне на Овенот. “The Break Up” со Џенифер Анистон и Винс Вон е перфектна остра комедија за овој понекогаш циничен, но доста чувствителен хороскопски знак. Добра комедија за Овните може да е “Zoolander” со Бен Стилер, затоа што повеќето од нив обожаваат мода.

Бик

Биковите сакаат филмови кои што во нив содржат многу насилство и секс. Се што е од режисерот Квентин Таратино ним им се допаѓа. Ако им подарите ДВД со филмот “Kill Bill” со актерката Ума Турман е супер идеја. Хоророт “Saw” , односно серијата хорор филмови исто така ќе им се допаде на Биковите.

Овие луѓе се и фамилијарни луѓе па така што ќе уживаат и во некои детски филмови. Добар избор ќе ви биде “Finding Nemo” или “Bee Movie”.

Постарите генерации што се во знакот на Бик знаат да уживаат и во старите црно-бели комедии. Некои колекционерски видеа од Бустер Китон или Чарли Чаплин премногу ќе ги задоволи. Ги сакаат и видеата во кои има како да зготвите нешто за вашите пријатели.

Близнаци

Овој знак е интезивен знак кој што ужива во комплексни и психолошки драми. Било кој филм од Спајк Џонзе ќе го направи овој подарок многу драг за Близнакот.

Филм како што е “The Tenant” или “Eternal Sunshine of the Spotless Mind” од Роман Поласки ги држи Близнаците во неизвесност. Филм како што е “Secretary” со Џејмс Спадер или “Nine Half” со Ким Бесинџер се примери за добра еротика каква што овој знак би сакал. Близнаците исто така сакаат хумор и некоја добра сатира.

Било кој филм со Саша Барон Коен , Вил Ферел или Тина Феј би го направиле Близнакот исполнет.

Рак

Посилниот пол што е во знакот на Рак ги сака понежните постари филмови. Бидејќи во секој Рак има емоционалност и женственост. “Mona Lisa Smile” со Џулија Робертс и “Sleepless in Seattle” се добар избор за Раковите.

Историската комедија ги привлекува. Филм како што е ”Julia” кој што се случува за време на Втората Светска Војна со Џејн Фонда и Ванеса Редгрејв би завршиле работа.

Повеќето Ракови се фанови на документарци снимени од Мајкл Мур, a дел од тие документарци се “Sicko” и “Bowling for Columbine”.

Лав

Лавовите не сакаат многу јавно да се покажуваат со својата сентименталност, но се доста сентиментални, затоа би уживале во филм како што е “Love Story“ со Рајан О’Нил или „Terms of End earment“ со Ширли Меклин. “It’s wonderful life“ со Џејмс Стујард е прекрасен подарок за Божиќ и Нова Година.

Уживаат кога се смеат и кога се љубат. Тие сакаат постара комедија , со Чарли Чаплин или Абот и Костело. Но практкуваат модерни комедии со хумористичните генија Џим Кери и Мајк Маерс. Кој било филм од Austin Powers филмовите со Мајк Маерс ќе ги насмеат Лавовите.

Ги сакаат постарите филмови на Џејмс Бонд, онаму каде што глуми Шон Конери. Повеќето Лавови го обожаваат Клинт Иствуд.

Девицa

Девиците се луѓе кои што ги сакаат документарците и видеата за рецепти. Ако им подарите било кое видео за готвење од Марта Стујард или Џулија Чајлд, тие ќе ви бидат многу благодарни.

Тие многу ги сакаат животните и би им се допаднале филмовите во кои животните се застапени , филмови како „Ace Ventura: Pet Detective“ или “March of the Penguins”.

Аналитичната страна на Девиците исто така уживаат во филмови со научна фантазија, како што се филмовите од режисерот Станли Кјубрик. Филмот „2001: A Space of Odyssey“ би бил совршен за нив.

Вага

Овие чувствителни знаци сакаат смешни филмови за животни, така што кој било филм со коњи, кучиња или животни од шумата, би им ги стоплиле нивните срца. Сакаат и анимирани филмови како што се „Finding Nemo“ или „Madagaskar“- сите делови.

Овој чувствителен знак сака добар „женски“ филм како што е „My Best Friend Wedding“ со Џулија Робертс или “Muriel Wedding”. Вагите ги сакаат филмовите со фантазија и митологија , како на пример „Legend “ со Том Круз.

Скорпија

Скорпиите имаат злокобен смисол за хумор, така што на ним би им се допаднало било кој хорор филм како што се „Scream“, „Night of the Living Dead“, „The Ring“, „The Grudge“. Скорпиите би уживале и во филмовите како што се „Rat Pack“ со Френк Синатра или модерните верзии со Џорџ Клуни во „Oceans11“.

Сакаат и филмови кои што се во жанр на мистеријата. „The Craft“,„Practical Magic“,„The Blair Witch Project“ се филмови кои што ќе им причинат задоволство.Тие ги сакаат и уметничките филмови , а пример за таков филм е “Scorpio Rising” од Кенет Ангер.

Стрелец

Овие авантуристи ги сакаат филмовите со Џејмс Бонд. “Casino Royale”, “From Russia With Love”, или “On Her Majesty’s Secret Service” се супер избори. Сакаат фимови каде што сликата на филмот и сцените се живописни со многу бои.

Серијата “Black Edward“ од “Pink Panter” со Питер Селерс кој го глуми инспекторот Клузо се повеќе од задоволувачки за овој знак.

Јарец

Ироничниот знак Јарец сака сатира и фарси, затоа кој било филм од пародијата на “Scream“ би било супер подаркот за Јарецот. Сакаат и научна фантазија во која има и хумор како што е филмот “Men in Black“ со Вил Смит и Томи Ли Џонс или „Galaxy Quest„ со Тим Ален. Солиден избор за Јaрците во научната фантазија се и филмовите од серијалот на „Star Trek„. Сакаат да ги гледаат филмовите на Вуди Ален , смешните и не толку смешните филмови што се од него.

Водолија

Ексцентричните Водолии сакаат култни филмови како што се the “Rocky Horror Picture Show” со Тим Кури или “Harold and Maude” со Бад Корт. Уживаат во мастер делата на хорор филмовите како што е Алфред Хитчок.

Добри подароци би биле филмовите “The Birds” или “Psycho”. Обожаваат филмови со апокалиптични катастрофи. Филмови со чудовишта, змејови се задоволителни за овој знак.

Риби

Рибите сакаат романтики како што се “Sleepless in Seattle” или “You’ve Got Mail”. Сакаат филмови со доста авантура како што се “Castaway” со Том Хенкс или “Swept Away” со Мадона. Било кој филм со Џон Клизе ќе им претставува огромна забава како што се Монти Пајтон филмовите.

“A Fish Called Wanda” или “The Meaning of Life” се прекрасен подарок за хороскопскиот знак Риба.

Пронајдете не на следниве мрежи: