Хорор: Чувала 75 мртви мачки

Американката Тери со години вдомувала напуштени мачки на кои никој не им пружал пристоен дом и храна.Кога и починала првата мачка, Тери ја ставила во замрзнувач со храна бидејќи не можела да се одвои од неа. Со време тој број се зголемил на 75, а телата на мртвите мачки биле низ целата куќа.

 

Во Америка, во стан преполн со отпад и непотребни работи, но и животински измет, Американката Тери чува 75 мртви мачки во замрзнувач. Како што таа изјавила за една американска телевизија која направила приказна за неа, таа дури ни после смрта на нејзините мачки не можела да се одвои од нив. 

 

Мртвите мачки се наоѓаат низ целиот стан, во фрижидерот заедно со храната, а тела на починати мачки имало и во тоалетот во пластични кеси. 

 

Свесна дека таа опсесија не е здрава, таа е сепак убедена дека не може да ја надмине нивната смрт. Говорејќи за својата опседнатост, таа истакнува дека за себеси се смета за љубител на животните, бидејќи нивната смрт лежи на нејзините раце. 

 

Секоја загуба и го крши срцето и и предизвикува вина дека ги изневерила.

 

После 6 месечна терапија и советувања со психолози, експертите успеаа да ја убедат Тери да ја исчисти својата куќа од мртвите животни. Тери пати од одредено пореметување поради кое не може да се помири со загубата на животните.

Пронајдете не на следниве мрежи: