Гледа парови кои имаат секс, дели совети – и зема 1000 долари

 

Ерик Амарант, кој моментално живее во Њујорк, моментално заработува за живот така што гледа парови кои имаат секс и им дели совети. Своите услуги ги проценува на 1000 долари од час, а моментално има 35 постојани клиенти. 

“Не сум проститутка, туку инструктор! Не ги допирам телата на клиентите, а веднаш заминувам ако некој од паровите ме повика да се приклучам.” – вели Амарант, кој за клиенти зема исклучиво луѓе кои сакаат да го подобрат својот сексуален живот, додека луѓето со психолошки пореметувања веднаш ги упатува на психијатар. 

Амарант ја изгубил невиноста на 19 години, а од тогаш променил околу 65 партнерки. Истакнува дека највеќе научил од експертот за секс, Бети Додсон, жена со која бил во врска цели 10 години. Кога ја започнале својата романса, тој имал 22 години, а таа 69. 

“Неделно работам по околу 20 часа. Одам во домовите на моите клиенти, како и во хотели кои тие ги бираат, а сеансите можам да ги одработам и преку Skype. Со клиентите работам и индивидуално, потполно ми е сеедно дали се хетеросексуалци или хомосексуалци.” – вели Ерик, кому работата му процветала откако излезе романот “50 Нијанси Сиво” на авторката Е.Л. Џејмс. 

Според коментарите, клиентите се исклучително задоволни од неговата работа, а неколку совети доделува и за читателите:

“Не е во прашање само техника, важна е и комуникацијата. Луѓето мораат да научат како да го бараат од својот партнер тоа што го сакаат во креветот.”

Пронајдете не на следниве мрежи: