’Хобит: Неочекувано патување’ најгледан филм во САД

Првото продолжение од трилогијата за авантурите на Билб Багинс, „Хобит: Неочекувано патување“, го зазема првото место на американските коноблагајни, покажуваат бројките што во понеделник ги објави Exhibitor Relations.

Џиџињата, волшебниците, змејови и други митски суштества во режија на Питер Џексон, автор на серилјалот „Господар на прстените“, заработија 84,8 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, што претставува еден од најдобрите резултати во историјата.
По нив следи анимираниот „Пет легенди“ со 7,4 милиони долари заработка.
На трета позиција е биографскиот филм на Стивен Спилберг „Линколн“ за 16-ти американскиот претседател кого го толкува Даниел Деј-Луси, кој заработил 7,2 милиони долари благодарејќи меѓу другото, со седумте номинации за Златен глобус.
Дваесет и третото продолжение за Џејмс Бонд „Skyfall“, е четврт со 7 милиони долари во шестиот викенд од прикажувањето.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: