9те најдобри реклами

Погледнете ги овие 9 мошне инвентивни и креативни реклами. 
9. Волво: „Епска шпага“
Жан Клод Ван Дам прави шпага помеѓу два Волво камиони додека во позадина оди музика од Ениа. Оваа бизарна, но истовремено мошне „заразна“ реклама за кратко време беше погледната преку 50 милиони пати.

8.Kmart: „Ship my pants“
Луѓе од различни возрасти кои го повторуваат мотото на продавницата „Ship my pants“, што звучи премногу слично на… знаете веќе на што (Shit my pants). Токму поради ова се прославија и рекламата и продавницата.

7.PepsiMax: „Тест возење“
Еден модерен начина на рекламирање, во кој компаниите „местат“ случајни потрошувачи во непријатни ситуации. Pepsi реши да го искористи возачот Џеф Гордон за да му го приреди најлудото и најопасното возење на еден продавач на стари автомобили. И покрај шпекулациите дека продавачот е актер, рекламата се прослави на интернетот.

 
6.Џон Луис: „Мечката и зајакот“
Овој трговец ја направил најемотивната реклама на годината за божиќните празници. Рекламата, која наводно чинела 11 милиони долари, раскажува приказна за еден зајак и неговиот пријател мечка кој секоја година го преспива Божиќ поради хибернацијата. Зајакот му подарува на својот пријател подарок за паметење.

5.Budwiser: „Братство“
Оваа реклама која чесно си заработи место во програмата за Супербоулот во 2013 го прикажува односот на едно ждребе и неговиот тренер. Ждребето било родено само 7 дена пред снимањето на рекламата.

4.Скајп: „Останете блиски“
Како дел од својата кампања „Останете блиски“ (Stay Close), Скајп ја раскажа животната приказна на две девојќи родени без раце, едната од Австралија а другата од Индија, кои си помогнале дена на друга низ адолесценцијата преку видео-чатот на Скајп.

 
3.Geiko: „Ден за секс“
Оваа урнебесно смешна реклама во која една камила претрчува низ канцелариите сред една неделна прослава беше толку „заразна“ што едно училиште во Конектикат, САД им забрани на учениците да кажуваат цитати од истата додека се на училиште. Според Unruly Media, ова е најгледаната реклама за 2013 година. Hump day во буквален превод значи ден за грпки, но на американски сленг тоа всушност значи „ден за секс“.

2.Ram Trucks: „Фармерот“
Во ова видео посветено на американските фармери, Ram Trucks го задржа вниманието на речиси 108 милиони гледачи на Супербоулот. Рекламава инволвира многу работи, од избегнување опасни експлозии до животни кои зборуваат.

1.Dove: „Вистинска убавина“
Оваа реклама, во која професионален цртач од ФБИ црта портрети на жени врз основа на тоа како тие се доживуваат себеси, покажува колку всушност жените се самокритични кога станува збор за нивниот изглед. Рекламава за многу кратко време беше погледната преку 60 милиони пати.

  
9. Волво: „Епска шпага“
Жан Клод Ван Дам прави шпага помеѓу два Волво камиони додека во позадин

Пронајдете не на следниве мрежи: