Неизвесен настапот на Лазаров против Барселона

Кирил Лазаров, поради повреда, нема да биде во составот на Атлетико Мадрид на првенствениот натпревар против Арагон кој ќе се одигра во вторник.

Капитенот на македонската репрезентација се повреди во саботата на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони, во кој Атлетико ја порази Барселона со 25:20. Лазаров е неизвесен и за возвратниот меч со Барселона во шампионската лига, дали тој ќе биде во можност да му помогне на тимот ќе биде познато екографијата која треба да биде направена во вторник. Инаку тренерот на Атлетико, Талант Душбаев, има сериозни проблеми со здравствениот билтен во тимот, поради повреди реваншот со Барселона со сигурност ќе го пропуштат Бараше и Гојун, додека покрај Лазаров за овој меч неизвесен е и настапот на десното крило Парондо.
Makфакс
Кирил Лазаров, поради повреда, нема да биде во составот на Атлетико Мадрид на првенствениот на

Пронајдете не на следниве мрежи: