Голманот на ракометната репрезентација на Србија, Дарко Станиќ, во изјава за „Спортски журнал“, рекол дека, почнувајќи од односите на релација селектор-играчи, многу работи во репрезентацијата не функционираат.
„Да дојде до дисхармонија помеѓу селекторот и играчите, тоа се забележува, да не се лажеме, тренерот зборува едно, играчите прават нешто сосема друго. Многу разговаравме, ги анализиравме деталите и последиците за на крајот на теренот сето тоа да изгледа поинаку. Во секој систем постои хиерархија, одговорност. Еве, јас не бранев добро и ја преземам одговорноста“, рекол Станиќ. На прашањето која е причината за дисхармонијата помеѓу селекторот Веселин Вуковиќ и играчите, голманот на Металург одговорил: „Тоа е комплексен проблем, чудесни решенија нема. Се ова не ми изгледа премногу здраво. но јас нема да се мешам во тоа, тоа не е моја работа, но го прифаќам својот дел од одговорноста. Не можеме стално да минуваме низ исти работи, држиме состаноци, разговараме за исти работи, а не одиме ниту милиметар напред. Јас себеси не се гледам на овој пат, но не велам дека тој не е вистинскиот“, изјавил Станиќ. Србија во квалификацискиот двомеч со Австрија освои само еден бод и на табелата во Групата 7 се наоѓа на третото место, зад Русија и Австрија. Србија и Австрија имаат по пет бодови, а следниот натпревар српските ракометари ќе го одиграат во Русија на 12.јуни. Инаку, српската јавност веќе започна да шпекулира дека селекторот Вуковиќ ќе замине од функцијата, а како негов наследник го споменуваат тренерот на Фленсбург, прославениот шведски репрезентативец со српско потекло, Љубомир Врањеш.
Макфакс
Голманот на ракометната репрезентација на Србија, Дарко Станиќ, во изјава за „Спортски ж