Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Чиле 30:28 (12:10), во првиот натпревар на Светското првенство.
Премиерниот настап на Македонија на 23-то Светско првенство, нема да се памети по играта, туку само по победата и освоените бодови, кои избраниците на Звонко Шундовски ги доближија до проектираната цел, пласман во осмина финалето.
Одиграа македонските ракометари катастрофално прво полувреме, против аутсајдерот Чиле, полувреме, во кое одбраната делуваше порозно, а нападот анемично и безидејно против комбинираната 5-1 и 3-2-1 чилеанска зона. Отвори Македонија со предност од 3:1 и 4:2, по што, благодарение на техничките грешки во нападот (вкупно осум во првиот дел), Чиле со серија од 0:5 стигна до предност од 4:7 и 5:8. Со головите на Лазаров, Стоилов и Мојсовски, македонската репрезентација стигна до израмнување (8:8), а до крајот на полувремето и до предност од 12:10. Нешто подобро, но само во првите шест минути од вториот дел делуваше играта на Македонија, во тој период ‘црвено-жолтите’ направија предност од шест гола (21:15), по што нашите ракометари повторно ги зафати анемичноста и им дозволија на жилавите чилеанци со две серии стигнаа до само гол негатива (23:22).Миркуловски, Велко Марковски и Манасков (кој се разигра во вториот дел), со своите погодоци повторно донесоа солидна предност (26:22), која ја сочуваа до крајот на натпреварот, иако му дозволија на противникот на 90 секунди до крајот му дозволија да се приближи на само еден гол негатива (29:28). Капитенот Кирил Лазаров со осум голови беше најефикасен играч во македонскиот тим и воопшто на натпреварот, Манасков постигна шест, Стоилов и Наумче Мојсовски постигнаа по четири, а по два гола постигнаа Никола Марковски, Миркуловски и Георгиевски.Во составот на Чиле најпрецизен беше Родриго Салинас со шест и Фојцман со пет голови. Следен противник на Македонија, во рамките на второто коло од Б групата, ќе биде селекцијата на Катар, овој натпревар ќе се одигра в недела, со почеток во 18 часот.
Макфакс
Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Чиле 30:28 (12:10), во првиот натпревар на Светското првенст