ФОТО: Претставени Да Роча и Бегоња Фернандез во Вардар

ЖРК Вардар на прес-конференцијата ги претстави двете нови засилувања, Шпанката Бегоња Фернандез и Бразилката Дајане Пирес Да Роча.

„Со потпишувањето на овие договори полека се склопува мозаикот за еден добар Вардар што ќе се бори во Европа за што подобар пласман и за враќање на македонскиот женски клубски ракомет на европската сцена. Добивме две репрезентативки и мислам дека со Фернандез и со Да Роча направивме добар избор. Нашата цел е што подолг престој во Европа уште оваа сезона и мислам дека имаме реални шанси за тоа“ изјави претседателката на ЖРК Вардар СЦБТ, Гордана Нацева Бошева.

„Прв пат сум во Европа и се чувствувам прекрасно. Ќе дадам се од себе со екипата да ги постигнеме посакуваните цели“ изјави Да Роча.

„Дојдов овде и се надевам дека ќе и помогнам на екипата да ги оствари зацртаните цели. Прекрасно се чувствувам овде и мило ми е што сум дел од клубот“ изјави Фернандез.

Извор/Изјава/Фото: www.zrkvardar.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: