Македонскиот ракометен шампион, екипата на Металург покрај браќата Наумче и Златко Мојсоски, ќе ги има во својот тим на располагање заедно и браќата Дејан и Мартин Манаскови, откатко Мартин Манасков потпиша професионален четиригодишен договор со тимот од Автокоманда.
„Темелот на клубот е да произведува играчи од сопствените кадри, Металург тоа го прави веќе неколку години. Воедно Металург треба да биде горд што потпишува договор со свои деца, како што во случај се Дејан и Мартин“ беше дел од изјавата на тренерот на Металург, Лино Червар, за „Дневник“.
Извор/Фото/Изјава: „Дневник“
Пронајдете не на следниве мрежи: