Ракометниот клуб Вардар Про дополнително ја засили левата бековска позиција, откако потпиша договор со српскиот ракометар Милош Драгаш, објави клубот на својата интернет страница.
Детали околу висината на трансферот и должината на договорот кој го потпишал Драгаш не се наведени. Драгаш во Вардар Про доаѓа од Металопластика од Шабац, има 22 години, висок е 200 сантиметри.
Со доаѓањето на Драгаш се зголеми српската колонија во Вардар Про, заедно со левиот бек ’црвено-црните’ сега имаат осуммина играчи од оваа земја.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: