Ниту еден од патниците на рускиот воен авион од типот Ту-154, што денеска се урна во источниот дел на Црното Море во близина на градот Сочи, не го преживеа падот, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.Тој прецизираше дека во авионот имало 93 патници и членови на екипажот и дека досега спасувачките екипи пронашле тела на четири лица. ТАСС, повикувајќи се на воени извори, претходно јави дека во едно од телата се пронајдени документи кои укажуваат дека загинатиот бил вработен како новинар во телевиизјата „Канал 1“.
Конашанеков соопшти дека во потрагата по телата на патниците од авионот се вклучени четири брода, пет хеликоптери и неколку беспилотни летала.
Авионот Ту-154 на руското Министерство за одбрана се урна на лет од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија. Авионот исчезнал од радарите во 5.40 минути по московско време (3.40 часот по средноевропско време).
Во авионот имало 85 патници и осум членови на екипажот. Меѓу патниците биле и 65 членови на воениот ансамбл за народни песни и игри „Александров“, девет новинари и воени лица.
Ансамблот „Александров“ требало да одржи новогодишен концерт за руските војници стационирани во базата „Хмејмим“.
Првично беше соопштено дека во леталото имало 91 лице, потоа бројката беше зголемена на 92, додека сега се јавува за 93 патници и членови на екипажот.
Руската телевизија НТВ информира дека меѓу патниците во авионот се наоѓале и тројца нивни вработени. Во леталото биле и по тројца медиумски работници на воениот телевизиски канал „Ѕвезда“ и на телевизијата „Канал 1“.
Претходно, Министерството за одбрана на Русија информира дека спасувачките служби утрово на шест километри од брегот на Сочи откриле тркало од урнатиот авион и поголема дамка од масло.
Конашанеков меѓутоа соопшти дека остатоците од леталото се лоцирани на 1,5 километри од Сочи, на длабочина од 50 до 70 метри под морската површина.
Причините за уривањето на авионот засега не се познати. Според извори од аеродромот во Сочи, во време на исчезнувањето на авионот од радарите, во реонот преовладувале „добри метеоролошки услови“.
Неименуван извор од Министерството за одбрана за руските медиуми изјавил дека најверојатна причина за уривањето на авионот е технички проблем или пилотска грешка.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков информира дека рускиот претседател Владимир Путин цело време добива информации за сите нови детали околу несреќата.
– Се уште е рано да се каже нешто конкретно. Претседатлот чека да добие целосна претстава, па ќе го изнесе својот став, порача Песков.
Тој инфромира дека Путин веќе им изразил сочуство на роднините и блиските на загинатите и го именувал рускиот премиер Дмитриј Медведев за раководител на државната комисија која ќе треба да ги утврди причините за падот на авионот.
Осигурителната компанија „Согаз“ во меѓу време соопшти дека на семејствата на загинатите при авионската несреќа ќе им исплати отштета во износ од по 5,8 милиони рубљи (близу 92.000 евра).Тој прецизираше дека во авионот имало 93 патници и членови на екипажот и дека досега спасувачките екипи пронашле тела на четири лица. ТАСС, повикув