СТРАШНА ИДНИНА: Апликациите наскоро ќе знаат и како се чувствуваме!

Дали сте го гледале филмот „Her“? Осамен човек во не толку далечна иднина се вљубува во програма, апликација која е когнитивно и емоционално интелигентна, претворена во женски глас со кој тој секојдневно комуницира. Изгледа дека таа „иднина“ полека станува наша реалност: машините можеби ќе бидат наши најдобри пријатели.Нашите емоции влијаат на секој аспект од нашите животи – како учиме, како комуницираме, како донесуваме одлуки, како се поврзуваме со другите. Сепак, тие се отсутни од нашите дигитални животи; уредите и апликациите што ги користиме не можат да знаат како се чувствуваме. Научникот Рана ел Калиуби сака да го смени тоа.
Како што вели ел Калиуби во говорот за ТЕД, на сопствена кожа почувствувала како е да се биде илјадници километри оддалечен од дома, а со семејството може да се комуницира само преку компјутер и телефон. Кога е тажна и осамена, своите емоции сака да ги искаже со тажно смајли. Како што зборува понатаму, технологиите имаат висок коефициент на интелигенција кој постојано се усовршува, но немаат емоционална интелигенција.
Што ако технологијата би можела да ги почувствува нашите емоции?
Оваа жена и нејзиниот тим развиле технологија која ги чита изразите на вашето лице и ги поврзува соодветните емоции. Постојат околу 45 акциски единици (пример, собирање на веѓите е знак за негативни емоции или повлекување на краевите од усните во насмевка е исто така акциска единица), кои се комбинираат за да изразат стотина емоции. Нашите емоции се суптилни, се комбинираат, изразите на лицето брзо се менуваат, некогаш имаат двојно значење, но научниците со помош на алгоритми успешно го „научија“ компјуерот да чита емоции.
Како што вели Рана ел Калиуби, оваа програма би можела да им помогне на слепите лица да ги препознаваат емоциите кај другите, или кај лицата со аутизам. Исто така, програмите за учење онлајн би можеле според изразот на лицето да знаат кога сте збунети и да успорат, или кога ви е досадно и да забрзаат.
Овој „емотивен мотор“ со себе носи битни импликации и би можел да го смени начинот на кој комуницираме со машините, но и едни со други.
Што ако фрижидерот би можел да знае кога сте под стрес и автоматски да се затвори за да ве спречи да се прејадете? Дали е претерано? Или би се чувствувале одлично кога би знаеле дека машините би можеле да се грижат за вас во секоја смисла?Нашите емоции влијаат на секој аспект од нашите животи – како учиме, како комуницираме, како донесуваме одлуки, како се поврзуваме со другите

Пронајдете не на следниве мрежи: