Фејсбукот прво почна да ни покажува многу виеа. Многу, многу, многу повеќе видеа. А сега се покажало дека тоа е увертира за нова опција која ни ја подготвуваат.Фејсбук одлучи да го појача својот фокус на лајвстрим опцијата, начин на кој ќе можете да ги пренесете спотовите. Сите, баш сите. Од обични соседи, преку родители, мали деца, до старлети. Тоа значи дека наскоро ќе ги имате сите оние иритантни фотни од парови, во живо.
Во вторникот чуената социјална мрежа почна да ја емитува тест опцијата за IOS, а наскоро оваа промена ќе стигне и кај нас.
Новата опција, која ќе се вика „Live “, ќе се појави на местото за ставање статус. Ќе се наоѓа веднаш покрај местото кое ја идентификува вашата локација. Кога ќе ја активирате ќе почне емитувањето на вашето видео, а останатите ќе можат да коментираат на него, како на статус.
Кога ќе завршите, ќе можете да го зачувате и да го споделите како посебен статус.
Покрај тоа, ќе можете да пратите нечија видео активност и да добиете нотификација кога таа личност ќе постави статус.
Ваквиот потег би можел да го намали влијанието на Јутуб и да го зголеми бројот на прегледи на видеата. Инаку, корисниците дневно гледаат и повеќе од три милијарди видеа.Фејсбук одлучи да го појача својот фокус на лајвстрим опцијата, начин на кој ќе можете да ги пренесете спотовите. Сите, баш сите. Од об