Идејата дека во иднина ќе управуваат интелигентни машини можеби изгледа повеќе како заплет од научно-фантастичен филм отколку на реална закана, но што ако такво нешто се случи навистина?Писателот и програмер Логан Стреонџ, пресметал точно кога роботите ќе станат помногубројни од човечкото население на Земјата. За да ја направи оваа пресметка, Стреонџ го спореди наталитетот и морталитетот кај човештвото, како и бројот на роботи кои се градат и уништуваат секоја година.
„Човекот живее во просек по 70 години, а роботите во просек само по 10 години. Но, за да се надминат луѓето по број, треба да се произведуваат најмалку седум пати повеќе роботи годишно“ – пишува Стреонџ.
Според пресметките на Логан, роботите ќе бидат повеќе по бројност од луѓето до 2040 година. Но, писателот не застанува тука.
Стреонџ пресметал исто колку е веројатно интелигентните машини да започнат конфликт со човештвото (претпоставувајќи дека релативната интелигенција на роботите ќе се зголеми).
„Логично е да се мисли дека тоа би се случило кога роботите според бројноста ќе ги има повеќе од нас. Дотогаш, најверојатно веќе ќе бидат доволно паметни за да почнат да бараат личен простор“ – дополнува Стреонџ и додаде дека ако воопшто се појави таков конфликт, тогаш тој ќе биде во периодот меѓу 2040 и 2055 година.Писателот и програмер Логан Стреонџ, пресметал точно кога роботите ќе станат помногубројни од човечкото население на Земјата. За да ја направи оваа